Теми и статии

Водата и Кока Колата

ФАКТИ ЗА ВОДАТА

Наполно 75% од жителите на Соединетите Држави се хронично дехидрирани. Кај 37% американци, механизмот кој укажува на жед толку е ослабен што често пати се мисли дека тоа е знак за глад.

Дури и благо дехидрирање ќе го забави организмот на еден човек и до 3%. Според една студија на Вашингтонскиот Универзитет, една чаша вода го елиминирала полноќниот глад кај скоро 100% од луѓето кои се обидувале да ослабат.

Недостаток на вода е број еден причинител за дневна главоболка.

Едно прелименарно истражување укажало дека пиење на 8 до 10 чаши во текот на еден ден може значајно да ги олесни болките во грбот и зглобовите кај дури 80% страдалници.

Само 2% намалување на потребната количина на вода во телото може да предизвика нејасна краткотрајна меморија, проблем со едноставна математика или потешкотија при фокусирање на компјутерски екран или печатена страна.

Пиење на пети чаши на вода дневно го намалува ризикот за рак на дебелото црево дури за 45%. Тоа го намалува ризикот за рак на дојката дури до 79%. Исто така за 50% се помали шансите да добиеш рак на мочниот меур.

Зошто да не започнеш да пиеш повеќе вода?

ФАКТИ ЗА КОКА КОЛАТА

Во многу сојузни држави во Соединетите Држави, полициската патрола на автопатите со себе во багажникот носи две поголеми шишиња на Кока Кола за да ја отстрани крвта од автопатот во случај на сообраќајна несреќа.

Можеш да ставиш шницла (Т-bone) во сад со Кока Кола и истата ќе ја снема за два дена.

За чистење на тоалет: Истури една лименка на Кока Кола во вц шоља и остави го “вистинското нешто” да стои еден час. Потоа пушти вода од казанчето. Киселината во Кока Колата исто така ги отстранува и флеките од стаклениот порцелан.

За отстранување на `рѓа од браници изработени од хром: Триј го браникот со стуткана алуминиумска фолија натопена во Кока Кола.

За чистење на корозијата од контактите на акумулатор за автомобил: Истури една лименка врз контактите за отстранување на истата.

За одвртување на зарѓана навртка: Примени натопена крпа во Кока Кола и истата нека стои врз навртката неколку минути.

За остранување на маснотии од облека: Истури една лименка на Кока Кола во еден куп на масни алишта, додај детергент, и пушти ги во машина за перење. Кока Колата ќе помогне во остранувањето на масните дамки. Исто така ќе го отстрани и нечистотиите од твојата шофершајбна.

За да се транспортира сирупниот концентрат на Кока Колата, камионите мора да користат табличка за Опасни Материјали наменета за високо корозивни материјали.

Дистрибутерите на Кока Кола истата ја користат за чистење на моторите на своите камиони веќе 20 години.

Активна состојка на Кока Колата е фосфорната киселина. Нејзината pH e 2.8 – тоа е екстремно силна киселина. Единствена причина што некој би ја пиел е затоа што е полна со шеќер. Кока Колата исто така ќе стопи една шајка за околу четири дена.

Дали сè уште сакаш да пиеш Кока Кола?

Извор и цел на вистинското воспитување

Нашите претстави за воспитувањето се премногу тесногради и збиени. Треба да имаме поширок поглед и да си поставиме повисока цел. Вистинското воспитување значи повеќе отколку само совладување на одредена наставна програма. Тоа е повеќе од подготовка за сегашниот живот. Тоа се занимава со целото човеково битие и се однесува со целиот период на неговото постоење.

Воспитување значи складно развивање на телесните, душевните и духовните сили. Тоа го подготвува ученикот за радосна служба во овој и за повозвишена и порадосна служба во светот што ќе дојде.

Изворот на таквото воспитување е истакнат во овие зборови од Светото Писмо, кои укажуваат на Бесконечниот: “Во Кого се сокриени сите богатства на мудроста и знаењето” (Колосјаните 2:3). “Во Него е советот и разумот” (Јов 12:13).

Светот имал свои големи учители, луѓе со џиновски интелект, кои многу го унапредиле човековото истражување, луѓе чии говори и давале поттик на човечката мисла и отворале поглед кон нови подрачја на човечкото знаење; овие луѓе биле вреднувани и почитувани како водачи и добродетели на својот народ; но постои Еден кој е повисок од нив. Ние можеме да го следиме редот на светските учители наназад до каде што допираат човечките извештаи; но Светлината била пред нив. Како што Месечината и планетите на нашиот Сончев систем ја рефлектираат сончевата светлина, така и големите мислители, доколку нивното учење е правилно, ги рефлектираат зраците на Сонцето на Праведноста. Секоја искра на мислата, секој блесок на интелектот потекнуваат од Светлината на светот.

Во наше време многу се зборува за природата и важноста на “повисоко воспитување”. Вистинското “повисоко воспитување” го дава Оној во кого се мудроста и силата” (Јов 12:13) од чија уста “доаѓа знаењето и разумот” (Изреки 2:6).

Секое вистинско знаење и вистински развој имаат свој извор во познавањето на Бога. Каде и да се свртиме во физичкото, менталното и духовното подрачје; каде и да фрлиме поглед, исклучувајќи ги болните последици од гревот – секаде ни се открива тоа познавање. Со каква гранка на истражување да се занимаваме, со искрена намера да ја дознаеме вистината, ние доаѓаме во допир со невидливиот, моќен Ум кој делува во сè и преку сè. Човековиот ум доаѓа во врска со Божјиот ум, ограничениот со Неограничениот. Влијанието на таквата врска врз телото, умот и душата не може да се процени.

Во оваа врска се наоѓа највисокото воспитување. Тоа е Божјиот метод на развој. “Запознај се сега со него” (Јов 22:21) – гласи Неговата порака до човештвото. Методот, опишан во овие зборови, бил применет во воспитувањето на таткото на нашиот род. Кога Адам во славата на безгрешната мажевност престојувал во светиот Едем, Бог го подучувал на тој начин.

За да разбереме што е сè вклучено во делото на воспитувањето, мораме да ја разгледаме човековата природа и целта што Бог ја имал при создавањето на човекот. Мораме да ја разгледаме исто така и промената во човековата состојба настаната со познавањето на злото, и планот што Бог го замислил за да може и покрај тоа да ја постигне возвишената цел што си ја поставил во воспитувањето на човечкиот род.

Кога Адам излегол од рацете на Создателот, тој по својата физичка, ментална и духовна природа бил сличен на својот Творец. “Бог го создаде човекот според Својот лик.” (1. Мојсеева 1:27); Божјата намера била во текот на својот живот човекот сè попотполно да го открива овој лик – поцелосно да ја одблеснува славата на Создателот. Сите негови таленти можеле да се развиваат; големината и силата на тие таленти требало постојано да се зголемуваат. Му биле понудени широки можности за обучување, и пред него се отворало славно подрачје за истражување. Тајните на видливата вселена – “чудесата на оној кој е совршен во знаењето” (Јов 37:16) – го повикувале човекот да ги проучува. Негово високо предимство било тоа што можел да разговара лице в лице, срце в срце со својот Создател. Да останел верен на Бога сето тоа засекогаш би било негово. Низ целата вечност би продолжил да придобива нови сокровишта на знаење, би откривал нови извори на среќа и би имал сè појасни и појасни претстави за Божјата мудрост, моќ и љубов. Сè повеќе би се приближувал кон исполнувањето на целта на своето постоење, сè попотполно би ја одблеснувал славата на својот Создател.

Но поради непослушноста сето тоа е загубено. Гревот ја расипал Божјата слика во човекот, речиси ја избришал. Човековите физички сили ослабнале, неговата ментална способност се намалила и неговата духовна визија се помрачила. Човекот станал подложен на смртта. Сепак, човечкиот род не е оставен без надеж. Бескрајната љубов и милост го создала планот на спасението, и животот на човекот му е подарен како време на проба. Да се обнови сликата на неговиот Создател во човекот, да се врати во состојбата на првично совршенство, да се поттикне развојот на неговото тело, умот и душата, за да биде остварена божествената цел на создавањето – тоа е делото на откупувањето. Тоа е целта на воспитувањето, големата цел на животот.

Виденија за идната слава

Во најмрачните денови од својата долга борба против злото, Божјата црква добивала откровенија за вечната Божја цел. На Неговиот народ му било овозможено да фрли поглед преку неволјите на сегашноста кон победата на иднината, кога борбата ќе биде завршена и откупените ќе ја наследат ветената земја.

Тие визии за идната слава - сцени кои што ги исцртала Божјата рака - треба да бидат драги на Неговата црква денес, кога вековната борба брзо се ближи кон крајот и кога наскоро треба во потполност да се оствари ветениот благослов.

Пророците од дамнешни времиња и објавувале на црквата многу пораки на утешување. Бог му оставил должност на Исаија: “Тешете го, тешете го Мојот народ.” (Исаија 40:1). А низ таа должност се дадени и прекрасни виденија кои што за верниците претставувале надеж и радост низ сите векови. Презрени од луѓе, прогонети и напуштени, Божјите деца сепак се одржале благодарение на Неговите верни ветувања. Со вера го очекувале времето кога ќе се исполнат ветувањата дадени на Неговата црква. “Јас ќе те направам вечна слава, и радост од род во род.” (Исаија 60:15).

На црквата која што се бори често наидуваат страдања и тегоби, зашто без тешки конфликти таа нема да извојува победа. “Леб тажен и вода неволна” (Исаија 30:20) - тоа е заедничката судбина на сите; но нема да биде целосно совладан ниеден од оние кои што се надеваат во Оној кој е силен да ослободи. “Вака вели Господ, кој те создаде, Јакове, и Оној кој те оформи Израеле; не бој се, зашто те откупив, те повикав по име твое; Мој си. Кога ќе појдеш преку вода, Јас ќе бидам со тебе, или преку реки, нема да те потопат; кога ќе појдеш преку оган, нема да изгориш и нема пламенот да те изгори. Зашто Јас Сум Господ Бог твој, Светецот Израелев, Спасителот твој; откуп за тебе го дадов Египет, Етиопија и Сава ги дадов за тебе. Откако ми постана драг, се прослави и јас те возљубив; и дадов луѓе за тебе и народи за твојата душа.” (Исаија 43:1-4).

Во Бога има простување. Тој нè прима во потполност и слободно благодарение на заслугите на Исус, нашиот распнат и воскреснат Господ. Исаија слушнал како Господ им говори на Своите избраници: “Јас, Јас Самиот ги бришам твоите престапи заради Себеси, и за гревовите твои нема да си спомнам. Спомни ме; ќе се судиме, кажувај, за да се оправдаш.“ “Ќе познаеш дека сум Јас Господ, твојот Спасител и Избавител твој, Силниот Јаковов.” (Стихови 25, 26; 60:16).

“Срамот на Својот народ ќе го симнам од целата земја,” соопштува пророкот. “И ќе ги наречат свет народ, Господови откупеници.” Бог ветил дека ќе им даде “украсување наместо пепел, масло на радост наместо тага, облека за пофалба наместо дух тажен, за да се наречат дрвја на праведноста, градина Господова за Негова слава.”

“Разбуди се, разбуди се, облечи се во силата своја, Сионе; Ерусалиме, граде свети, облечи се во убавата своја облека: Зашто нема повеќе да влезе во тебе необрезан и нечист.”

“Истреси го правот од тебе: Стани, и седни, Ерусалиме; Тргни ги оковите од вратот свој, заробена ќерко Сионска.”

“Неволнице, потфрлена од виорот, неутешена; Ете, Јас ќе ги положам твоите камења врз рубин и ќе ги направам твоите основи од сафири.

И ќе ги направам твоите прозори од кристал, и порти од рубинов камен, и сите твои меѓи од скапоцени камења. И синовите твои ќе бидат научени од Господа, и обилен мир ќе имаат синовите твои. Со праведност ќе се утврдиш:

Далеку ќе бидеш од насилства, па нема да се боиш. И од страв, зашто нема да ти се доближи. Ете, ќе се вооружат против тебе, но, тоа не е од Мене; кој и да се вооружи против тебе, заради тебе ќе падне...

Ниедно оружје, направено против тебе нема да има успех; и секој јазик кој би се подигнал против тебе на суд, - ти ќе го осудиш. Тоа е наследството на слугите Господови, и нивната праведност е од Мене, вели Господ.” (Исаија 25:8; 62:12; 61:3; 52:1, 2; 54:11-17)

Црквата во завршниот конфликт мора да влезе заштитена со оклопот на праведноста Христова. “Убава како месечина, чиста како сонце, страшна како војска со знамиња,” (Песна над песните 6:9) таа мора да тргне по целиот свет победувајќи и да победи.

Во борбата на црквата со силите на злото, најтемен час ќе биде оној кој што му претходи на конечното избавување. Но никој кој што се надева на Бога не треба да се бои, затоа што кога “гневот насилнички ќе наиде како поплава која што руши ѕид,” Бог за Својата црква ќе биде “прибежиште од поплава.” (Исаија 25:4).

Само на праведниците им е ветено избавување во тој ден. “Грешниците во Сион ќе се уплашат, трепет ќе ги спопадне лицемерите. Кој од нас може да живее при оган што голта? кој од нас ќе живее при вечен пламен? Кој оди во праведност и говори што е право, кој презира печалба преку угнетување, кој ги протресува рацете свои за да не прима дарови, кој ги затнува ушите свои за да не чуе крвнина, и ги затвора очите свои за да не види зло; тој ќе живее на висините; градовите на карпите ќе му бидат заштита, леб ќе му се дава, вода нема да му недостасува.” (Исаија 33:14-16).

Модифициран извадок од книгата "Пророци и цареви." За порачка погледајте во нашата он-лајн книжарница.